Стручњаците на рускиот Фонд за перспективни истражувања (ФПИ) работат на нов систем на селекција на кандидати за руската војска врз основа на длабинско сондирање на психозиолошките функции, изјави генералниот директор на фондот Андреј Григорјев.
Фондот за перспективни истражувања во моментов работи на напредни технологии за обезбедување професионална сигурност на војникот. „Спрема идејата на проектот, планирано е да се направи нов систем на објективни методи на длабинско сондирање на психофизиолошките функции на воениот стручњак, кои ја сочинуваат биолошката основа за негово успешно професионално извршување на работата во различни услови: од долготрајни монотони активности до ситуации кои изискуваат моментални одлуки во услови на силен стрес и опасност по живот“, рече Григорјев. Тој додаде дека реализацијата на проектот треба да почне идната година.
Според него, ваквиот перспективен систем на длабинска процена на психофизиолошкиот портрет на едно лице ќе обезбеди најквалитетна професионална селекција на војници. Освен тоа, програмата за обука на воените стручњаци ќе биде индивидуализирана.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче