Автоматот „Токарев“ врз база на пушката АВТ-40 (ВИДЕО)

Скриншот
Овој автомат е последното дело на познатиот конструктор. Направен е за конкурсот 1944 година.

Концернот „Калашников“ на својот официјален канал на „Јутјуб“ прикажа видеоснимка од автомат „Токарев“ направен врз база на пушка АВТ-40.

Летото 1943 година на еден дел од централниот фронт советските пешадијци запленија германска јуришна пушка. Кога е проучено оружјето, донесена е одлука и за Црвената армија да се направи оружје од иста класа. Веднаш е започната работа за создавање на муниција позната како куршумот од 1943 година.

Во првата техничка задача пишуваше дека новиот автомат според примерот на германската јуришна пушка треба да биде тежок и да може да се користи како рачен митралез со лесни ногари.

На Токарев како основа за новиот автомат му послужи неговата автоматска пушка АВТ-40 со помали измени поврзани со новиот куршум. Автоматот ги наследи од таа пушка затворачот, гасната комора со регулаторот на гасови и механичкиот нишан. Усовршен е и ударниот механизам, новите ногари можеа да се склопуваат, а во ракофатот имаше шуплини каде што се чуваше приборот за чистење на оружјето.

Автоматот беше тежок 4,77 кг и долг вкупно 1080 милиметри, имаше цевка со должина од 495 мм, куршум со калибар 7,62х39 мм и рамка за 30 куршуми.

Имаше, меѓу другото, и специфичен осигурувач. Кога автоматот е закочен, механизмот спречува движење на чкрапалото. Истиот механизам служи и за префрлување во поединечна и автоматска стрелба. Покрај тоа, оригинално решение беше и начинот на прицврстување на рамката со жлеб од предната страна и рачка со федер на задната страна, што подоцна стана класично решение.

Во текот на тестирањата беа констатирани истите недостатоци кои ги имаше и автоматската пушка „Токарев“, т.е. се случува да истрела двапати наместо еднаш, куршумот да се прекрши попречно и во сандакот на цевката да се појави пукнатина. Поради тоа беше оценето дека автоматот нема перспектива и затоа не беше препорачан за понатамошно усовршување.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња