АвтоВаз исфрли нов караван Lada Largus Cross Quest

lada.ru
Најголемиот руски производител на автомобили официјално го претстави Largus Cross Quest. Почнаа испораките на новата специјална верзија.

АвтоВАЗ официјално ги почна испораките на новата специјална верзија на караванот LADA Largus под називот Cross Quest. Посебната верзија се одликува со нови ергономски предни седишта, подобрена звучна изолација, оригинални тркала, црни сјајни куќишта на ретровизорите, како и плочки со ознаката Quest.

Караванот LADA Largus Cross Quest во целост го оправдува називот семеен автомобил, овозможувајќи лесна достава на производи од продавница или одење на семејството на одмор надвор од градот. Пространата внатрешност со три реда седишта дава поголем комфор, а што се постигнува, меѓу другото, со ергономските предни седишта со развиената бочна поддршка, тристепеното греење и комбинираните преслеки од ткаенина и еколошка кожа.

Во екстериерот на LADA Largus Cross Quest одлично се вклопуваат новите фелни со специфичен дизајн со уникатен примерок, во склад со заштитната опрема на каросеријата, карактеристична за модификацијата Cross. Надворешниот изглед на караванот го надополнуваат и другите црни сјајни елементи од специјалната серија.

Цената на овој модел засега не е позната. Класичната Largus Cross со пет седишта во салон чини 795900 рубли, а со седум 818900.

АвтоВАЗ инаку го запре производството до 16 август. Сите вработени се на колективен годишен одмор. Притоа кај дилерите на компанијата нема да се почувствува недостиг на возила бидејќи веќе е создадена залиха. Во текот на одморот ќе биде спроведена модернизација на опремата и неопходен ремонт. Не е исклучено по одморот АвтоВАЗ да започне со производство и на возилото Largus FL.

Според пишувањето на РГ, продажбата на новитетот започнува наесен.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња