Aurus Komendant првпат виден на руските патишта: Рускиот кросовер тестиран на жега (ФОТО)

Во Астрахан е забележан кросовер од највисоката луксузна класа Aurus Komendant. Автомобилот беше заштитен со специјална леплива лента за да случајните минувачи не ги видат деталите на екстериерот. Тоа е првпат ова возило да биде видено на руските автопатишта.

Фотографијата на возилото Komendant се појави на социјалната мрежа „ВКонтакте“ во групата „Руски автомобилˮ. Возачите во Астрахан забележаа камуфлирано возило од проектот „Кортежˮ. Возилото беше маскирано за да не се дознае предвреме за сите детали на екстериерот.

Возилото во Астрахан се тестира на услови на топла клима. Во јануари 2020 година возилото беше тестирано во Шведска за да се провери неговата отпорност на студенило.

Судејќи според снимките, прототипот Komendant не е блиндиран. На тоа укажуваат тенките стакла и гумите Pirelli Scorpion бр. 255/55 со пречник 20. Такви гуми користи и моделот Senat, додека блиндираните верзии на Aurus имаат руски гуми КАМА со иста големина.

При тестирањето на студенило во Шведска, европските новинари објавија дека рускиот кросовер е конкуренција на Rolls-Royce Cullinan. Се очекува дека Komendant ќе биде најраскошното теренско возило од руско производство.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња