Припадниците на специјалните единици на Централниот воен округ, распоредени во Самарската област, ги усвоија современите мобилни комплекси за телекомуникациска врска „Медовуха“.
Припадници специјалних јединица Централног војног округа, који су распоређене у Самарском региону, усвојили су савремене мобилне комплексе телекомуникационе везе „Медовуха“. pic.twitter.com/AiKlaP3GbF
— Marsonline (@gvozdenavolja) July 24, 2020
Комплексот е направен врз база на оклопниот автомобил „Тигар“. Неговата основна намена е оперативно примопредавање на командни податоци, на топографски многу изискувачки терен и во услови на силно електронско попречување. „Медовуха“ е опремен со станица која е поврзана со орбиталната група сателити, што му овозможува формирање стабилен канал за врска со голема брзина на пренос на податоци (до 10 мегабајти во секунда). Покрај оваа станица, тука се наоѓаат и радио-уреди кои работат во кратки и ултракратки дијапазони, како и терминали за воспоставување телекомуникациска врска.
Тактичко-техничките карактеристики на комплексот овозможуваат воспоставување сигурна радиоврска во ултракраток дијапазон, со висок степен на заштита од електронско попречување на далечини и до дури 2 илјади километри.
Исто така, овој комплекс (команден пункт) е предвиден да работи во содејство со беспилотните летала „Гранат-4“ кои се способни во реално време да ги пренесуваат комплетните податоци од лице место.
Опремувањето на единиците за специјална намена (спецназот) со мобилни комплекси за телекомуникациска врска „Медовуха“ овозможува двојно поголема заштеда на време при образување командни пунктови, потоа многу поголем степен на автоматизација при решавање различни задачи и значително намалување на времето при примопредавање на информациите, соопшти информативната служба на Централниот воен округ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче