Су-27
Александар Черних/Global Look PressМинистерството за одбрана на РФ објави видеоснимка на која се гледа американски шпионски авион кој на 23 јули се појави над неутралните води на Црното море. Леталото се приближуваше до државната граница на РФ и затоа руската армија будно ја следеше неговата траекторија.
На снимката се гледа како екипажот на рускиот ловец му се приближува на воздушниот објект на безбедно растојание и го идентификува како американски шпионски авион Р-8А „Посејдон“.
По извесно време американскиот шпионски авион направи свртување во спротивен правец од државната граница на РФ, а рускиот ловец се врати во својата база.
Целиот лет на рускиот авион Су-27 е изведен согласно меѓународните правила за користење на воздушниот простор. На американскиот авион не му беше дозволено да ја повреди државната граница на Руската Федерација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче