Во Русија ученици открија нов остров на Арктикот

E. Gusev/Global Look Press

Руски ученици со обработка на сателитски снимки пронајдоа нов географски објект во реонот на Северниот остров во архипелагот Нова Земја, соопшти прес-службата на Руското географско друштво.

Како што се наведува, островот се покажал на 9 јули по рушењето на северниот премин што ги спојувал Северниот остров со глечерот Виљкицки Јужни во повлекување. Димензиите на новиот географски објект се 410 на 200 метри, површината 5,6 хектари, док висината достигнува 27 метри со оглед на преостанатата ледена покривка.

Островот го пронајдоа осум ученици од повеќе руски градови кои ја сочинуваа проектната група „РискСат”. Самата компанија се занимава со аерокосмичко образование на младината.

Научниот раководител на експедицијата на Северната флота и Руското географско друштво на архипелагот Земјата на Франц Јозеф во 2019 година полковник Сергеј Чуркин наведе дека формирањето на островот е поврзано со топењето на Арктикот, така што копното се појавува онаму каде што глечерите се повлекуваат. „Децата открија помал пуст остров, што не го намалува пронајдокот, а островот ќе мора  да биде внесен на поморските карти“, рече тој.

Во Арктичката зона минатата година беа пронајдени неколку нови острови. Еден се наоѓа во акваторијата на Карското море, друг покрај островот Гаља, а пет на подрачјето на архипелагот Земјата на Франц Јозеф.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња