Американците во Сирија „најдоа“ кримски делфини-шпиони

Fiskeridirektoratet

Русија доставила во сирискиот град Тартус забести китови, пишува американскиот магазин „Форбс“ повикувајќи се на информации од сателитски снимки. Според мислењето на авторот на статијата, морските суштества во руската база би можеле да бидат и фоки, макар што сепак е поверојатно дека се работи за делфини.

Наидов на морски цицачи во вода при прегледување на сателитски снимки на Тартус. Тоа е пристаниште во кое Русија ги чува своите подморници распоредени поради војната во Сирија, пишува авторот на статијата. Во текстот се наведуваат координатите на програмата Google Earth, каде што според пишувањето на магазинот се наоѓаат животните.

Како што се наведува, цицачите можат да се користат за спречување на недозволен пристап на нуркачи до објекти на поморска инфраструктура, подигање предмети од морското дно и за подводно извидување.

Според пишувањето на американскиот магазин, животните можеле да стигнат во Сирија од Крим. Како што се наведува, во северниот дел на Русија активно се користат китови белуга кои се поприлагодени на арктичките услови од делфините. „Можно е дека никогаш нема точно да дознаеме што правела руската флота со делфините во Сирија. Тие се наоѓаа таму само неколку месеци, од септември до декември 2018 година“, заклучува авторот на текстот.  

Руските експерти се уверени дека информациите што ги објавија западните медиуми немаат врска со реалноста. На таа тема за „МК“ зборуваше еден од вработените во кримските делфинариуми кој сакаше да остане анонимен, а кој во осумдесеттите години на минатиот век работел за Министерството за одбрана на СССР како експерт за обука на делфини. Главниот проблем, според него, лежи во фактот дека на делфините не им е интересно да војуваат.

„Во текот на нашето истражување кое го поведе војската, се покажа дека делфините едноставно не се погодни за улогата на војник. Додека песот, на пример, ја исполнува наредбата и ревносно поставува мини под тенк или трага по сторителот, со делфините тоа не е случај. Тие еднаш или двапати ќе ја исполнат задачата, а потоа им станува здодевно, одат на некое друго место, кај луѓе или кај други делфини. За нив не постои наредба, но постои игра со партнерот, во која тие не се сметаат себеси за потчинети“, објасни стручњакот.

Во април минатата година првпат беше пишувано за употребата на „китови-шпиони“ во Вооружените сили на Русија. Норвешки рибари забележале белуга китови кои пливале по должината на брегот обидувајќи се да симнат од себе некаква опрема. Медиумите побрзаа да пренесат дека руската Воена морнарица користела белуги во својство на шпиони и дека тие носеле шпионска апаратура. Подоцна ова пишување го демантираа официјални лица во Русија и Норвешка.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња