Бродовите на руската Воена морнарица ќе добијат наведувани артилериски ракети

mil.ru / CC BY 4.0
Генералниот директор на рускиот Централен научноистражувачки институт „Буревестник“ Георгиј Закамених истакна дека од 2012 година бродовите на руската морнарица како дел од вооружувањето го добиваат артилериското орудие со калибар 100 милиметри А-190-01.

Руските борбени бродови вооружени со артилериско орудие А-190-01 во најскоро време ќе добијат наведувани артилериски ракети, соопшти во понеделникот, 20 јули, во интервјуто за агенцијата ТАСС генералниот директор на ЦНИИ „Буревестник“ Георгиј Закамених.

„Праксата од примената на А-190-01 на маневрите ја потврди нивната ефикасност, која ќе биде уште поголема по воведувањето на муницијата од нова генерација, вклучувајќи наведувани ракети. Тоа ќе се случи многу бргу“, рече Закамених.

Тој потсети дека бродовите на руската Воена морнарица го добиваат артилериското орудие А-190-01 од 2012 година. Тоа е проектирано по барање на главната команда на Воената морнарица на Русија за да го замени артилериското орудие АК-176, до неодамна најмасовно користеното во руската морнарица.

Централниот научноистражувачки институт „Буревестник“ го проектираше АК-176 уште кон крајот на 70-тите години и оттогаш неговите можности за модернизација се практично исцрпени. Закамених истакна дека А-190-01 според најважните карактеристики значително го надминува стариот модел.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња