Генетската анализа на примероците на коронавирус од новиот тип од преку 200 граѓани на Русија уште еднаш потврди дека SARS-CoV-2 на територијата на Русија не пристигнал од Кина, туку од Европа. Научниците исто така утврдија дека Русија засега ниту еднаш не ја „извезла“ инфекцијата во други земји, пишува прес-службата на Сколковскиот институт за наука и технологии (Сколтех). Генетското истражување е извршено во електронската научна библиотека medRxiv.
„Кога пристигнал во Русија, вирусот останал во Русија. Ние не гледаме никакви траги на извоз на руските варијатни, барем не во оние земји за кои постојат податоци. Во тој поглед ние се разликуваме, на пример, од Велика Британија, која беше и останува голем извозник на коронавирусот, да не зборуваме за Италија, Шпанија и другите земји, од каде тргна европската епидемија“, го прокоментара истражувањето професорот на „Сколтех“ Георгиј Базикин на својата страница на „Фејсбук“.
Во новото истражување епидемиолозите и виролозите под раководство на Базикин ги проучуваа генетската разновидност и историјата на ширењето на оние култури на коронавирусот од нов тип кои циркулираат на територијата на Русија. Со таа цел научниците анализираа 211 геноми на SARS-CoV-2, чии примероци ги собраа во Санкт Петербург, Москва и дваесет други региони на земјата од средината на март до крајот на април.
Од една страна, нивното проучување и споредување покажа дека вирусот во Русија пристигнал мошне доцна, кон крајот на февруари и притоа изворот бил Европа, а не Кина или другите азиски земји.
Научниците вкупно утврдија 67 случаи на „увоз“ на вирусот. Сите тие се случиле во краток временски интервал меѓу последните денови на февруари и почетокот на март. Освен тоа, во некои жаришта на инфекцијата вирусот истовремено пристигнал од неколку надворешни извори.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче