Добра вест пристигна од Новосибирск, каде вирусот е уништен со помош на фотодинамичка терапија која во Русија се користи при лекување онколошки болести.
Како што се наведува, виролозите на НПО „Вектор“ во текот на истражувањата открија нови антивирусни својства на домашниот препарат „Радахлорин“ кој се користи во антитуморската фотодинамичка терапија. Вирусот може да се уништи за 40 секунди со помош на млаз ласерска енергија со мал капацитет и исклучително мала количина медицински фотосензибилатори.
На тој начин можат да се излекуваат клетките заразени со коронавирус. Препорачано е оваа метода да се вброи во клиничката пракса со цел превентива и лекување на инфективната болест Ковид-19.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче