Во ненадејната воена вежба се проверува борбената готовност на единиците на Јужниот и Западниот воен округ, Воздушно-десантните сили и морнаричката пешадија на Северната и Тихоокеанската флота. Ова на советувањето на воениот врв го соопшти министерот за одбрана на РФ, генерал на армија Сергеј Шојгу.
„Оваа акција е планирана заради оцена на способноста на Вооружените сили да ја осигураат воената безбедност на југозападот на Руската Федерација, каде што постои сериозна опасност од тероризам, како и со цел подготовка за стратешките командно-штапски маневри „Кавказ 2020“, рече министерот за одбрана.
Во состав на проверката на борбената готовност е предвидено изведување на 56 воени вежби на тактичко ниво. Проверката ќе се врши на 35 копнени полигони и на 17 поморски полигони во водите на Црното и Каспиското море, додаде Шојгу.
Во ненадејната проверка се ангажирани вкупно 149755 луѓе, 26820 парчиња вооружување и воена техника, 414 летала и 106 воени и помошни бродови.
Шојгу исто така наложи во сите фази на проверката да се обезбеди строго почитување на мерките за безбедност на оружјето и муницијата за да се исклучи можноста од нанесување штета на државниот имот и негативно влијание на природната средина, како и да се преземат сите мерки за зачувување на здравјето на војниците и офицерите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче