Воздушно-космичките сили на Русија регистрираа во рок од недела дена во близина на руските граници 32 странски извидувачки авиони, пренесува весникот „Краснаја звезда“.
Како што се наведува на официјалниот сајт на Министерството за одбрана на РФ, заради пресретнување на евентуалните нарушители на границата четири пати полетувале дежурните ловци од составот на силите за ПВО. Нарушување на воздушниот простор на РФ е недопуштено, се вели во извештајот на воениот ресор.
Претходно извидувачки авион на британските Кралски воздухопловни сили Sentinel R.1 извршил повеќечасовно извидување во близина на границите на Руската Федерација во балтичкиот регион. Британскиот авион со ознаки ZJ692 и RRR7303 полетал од базата Водингтон во Англија. Авионот извршил серија летови по должината на границите на Калининградската област во воздушниот простор на Полска, над Балтикот, како и на небото над Литванија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче