Производството на руски инструменти за откривање коронавирус во воздухот ќе започне 2021-та (ФОТО)

Pixabay
Овие уреди го мерат нивото на концентрација на бактериите, вирусите, токсините и антигените во воздухот.

Во Русија се тестирани уреди за откривање бактерии и вируси во воздухот на затворена просторија, вклучувајќи и коронавирус, а нивното производство веројатно ќе започне следната година, се наведува во соопштението на руската државна корпорација „Ростех“. Холдингот „Швабе“, кој е дел од корпорацијата, е користен како база за тестирање на инструментите.

Еден уред автоматски ги детектира бактериите, вирусите и токсините што се наоѓаат во воздухот во распрскан вид, а другиот во примероците на воздухот ги пронаоѓа антигените.

„Двата инструменти успешно го поминаа државното тестирање и покажаа висока ефикасност. Анализата на примерокот на воздухот трае во просек од 10 до 30 минути, во зависност од нивото на концентрација на патогените и низа други фактори“, соопшти генералниот директор на „Швабе“ Алексеј Патрикеев.

Проектот е реализиран во рамките на програмата „Национален систем на хемиска и биолошка безбедност на Русија“, чии носители се Федералниот научноистражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеи“ и Институтот за теориска и експериментална биофизика на РАН.

„Во соработка со проектантите планираме во 2021 година да почнеме сериско производство на инструментите и нивна испорака до нарачателите“, истакна привремениот генерален директор на Краснојарскиот завод „Зверев“ (една од базите за тестирање) Александар Новиков.

Како што се наведува во соопштението, двата уреда непрекинато ја анализираат состојбата на воздухот во просторијата, а при нагло пречекорување на дозволената концентрација на патогени започнуваат процес на земање примерок. Во случај на откривање на токсини, бактерии или вируси, се носи одлука за санитарно третирање на просторијата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња