Фотографијата е снимена при поминувањето на ешалоните со ПВО-средства со краток дострел на големата воена парада по повод Денот на Победата која неодамна се одржа во Москва. На оваа парада беа претставени три верзии на хибридниот артилериско-ракетен ПВО-систем „Панцир“, поточно еволуцијата на ова семејство борбени средства.
"Панцир-С1" / "Панцир-СА" / "Панцир-СМ" из птичје перспективе- Москва РФ 2020 pic.twitter.com/j1lghqn6xH
— Marsonline (@gvozdenavolja) July 13, 2020
96К6 „Панцир С1” е противвоздухопловен хибриден ракетно-топовски систем со краток дострел. Наменет е за заштита на цивилни и воени објекти од напад со сите модерни и перспектива средства за воздушен напад, во сите временски услови, без оглед на периодот на денот (ден/ноќ), при масовна употреба на противнички системи за противелектронска борба. Со ракетите може да гаѓа цели на далечина од 20 км/висина 15 км, додека со топовите покрива далечина до 5000 метри. Топовите дејствуваат со брзина од околу 4800 гранати во минута. Благодарение на својата универзалност, системот може да се користи и против копнени и надводни цели.
Арктичката верзија на противракетниот ПВО-систем „Панцир-СА“ ги нема топовите 2А38М со калибар 30 мм кои ги има стандардниот „Панцир-С1“, но затоа борбениот комплет ракети е зголемен од 12 на 18. Дострелот на ракетите во далечина е 20 км, а во висина 15 км. Во воздух истовремено може да гаѓа 4 цели.
„Панцир-СМ“ претставува капитална модернизација на рускиот противвоздухопловен хибриден ракетно-топовски систем со краток дострел „Панцир-С1“. Верзијата која ќе ја носи ознаката „СМ“ ќе користи нова ракета со зголемен дострел, како и нов радар со активна фазна решетка. Благодарение на овие унапредувања, „Панцир-СМ“ ќе може да соборува воздушни цели на далечина и до 40 км, што двојно ги надминува борбените можности на неговата основна верзија. Исто така, со интеграцијата на новиот радар¹ значително ќе биде зголемена зоната на детекција во откривањето на воздушните цели, која ќе изнесува повеќе од 75 км. Претпоставката е дека оваа верзија на системот ќе биде специјализирана за борба против различни типови беспилотни летала, вклучувајќи ги и оние кои имаат исклучителни мали димензии.
Новиот „Панцир-СМ“ е поставен на шасија на оклопното возило К-53958 „Торнадо“ (8х8). Како што наведуваат специјалистите, се работи за погабаритно возило со маса од 21000 кг, со носивост која достигнува 22000 кг. Го движи дизел-мотор од 450 коњски сили. Трансмисијата е автоматска.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче