Екипажи на повеќенаменски ловци Су-30СМ и фронтовски бомбардери Су-24М од составот на морнаричката авијација и противвоздухопловната одбрана на Црноморската флота реализираа во текот на летечко-тактичките маневри полнење на леталата со гориво од авион-цистерна во воздух.
Полнењето гориво во воздух го обезбедија екипажите на авионот-цистерна Ил-78.
Вежбите со полнење гориво во воздух се извршувани на минималните и максималните дозволени висини. Растојанието меѓу авионите во текот на полнењето со гориво не беше поголемо од 10-12 метри.
Како што велат од информативната служба на Црноморската флота, со наведениот елемент на обуката треба да завладеат сите пилоти кои управуваат авион на кој е предвиден систем за полнење гориво во воздух. На тој начин значително се зголемуваат дометот на летот, тактичкиот радиус на дејство и можноста за исполнување на поставените задачи.
Во вежбите учествуваа два Су-30СМ и два Су-24М од составот на МА и ПВО на Црноморската флота.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче