Пикап УАЗ претворен во мини-куќичка на тркала

Скриншот
„Авто-куќичката“ на тркала направена врз база на модел на УАЗ се вика „Елбрус“ и чини речиси 2 милиони рубли.

Авторите на јутјуб-каналот „808“ го опишуваат новитетот направен врз база на модел на УАЗ. Станува збор за „куќичка на тркала“, т.е. за пикап со надградена скромна станбена кабина. Такво возило од пикап УАЗ прави подмосковската компанија Lux Form, која на сличен начин преуредува „Лада Гранта“ и класично комби во куќа на тркала.

Кај УАЗ е симната решетката на радијаторот, монтиран е преден браник и сноркел, проширени се лаковите на тркалата и ставени теренски гуми. Покрај тоа, автомобилот е значително подигнат и му се додадени нови амортизери. На каросеријата е нанесен премаз Raptor кој го штити од ‘рѓа и екстремни температури.

Станбената кабина на „Елбрус“ има покрив со електрично подигање. Се подига за 22 секунди. Однадвор се додадени доста оддели за чување ситници, како и кутија со грејачи.

Во станбената кабина се влегува низ вратичка. Кабината има три места за спиење, масичка, лавабо, фрижидер и санитарен јазол, како и акумулатор кој ги напојува штекерите и сијалиците. Покривот и ѕидовите имаат прозорчиња.

Автомобилот има стандарден мотор ЗМЗ Про со волумен од 2,7 литри од 150 коњски сили и механички менувач со пет брзини.

Ваквиот УАЗ „Елбрус“ чини 2,5 милиони рубли. Од тоа 980000 рубли чини станбениот модул. Цената на основната варијанта со поскромна опрема е 1,9 милиони рубли.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња