Оваа интересна фотографија ја направи меѓународниот експерт за борбена авијација Пјотр Бутковски. На неа се наоѓа основниот дизајн на перспективниот лесен руски ловец од 5 генерација и неговата визуелна споредба со повеќенаменскиот авион-ловец од генерацијата 4++ МиГ-35.
Појавила се фотографија перспективног руског тактичког ловца пете генерације. На фото се види и његово визуелно поређење са вишенаменским ловачким авионом 4++ генерације МиГ-35. pic.twitter.com/b4mAJhvbEy
— Marsonline (@gvozdenavolja) June 30, 2020
Во последно време се интензивира приказната за развој на повеќенаменско борбено летало (лесен тактички ловец) кое би требало да ги замени ловечките апарати МиГ-29/35. Неодамна по ова прашање се огласи неименуван извор од Обединетата воздухопловна корпорација – ОАК (дел од државната корпорација „Ростех“), кој притоа напомена дека кон крајот на минатата година РСК „МиГ“ добила задача да започне со работа над проект за лесен тактички ловец од нова генерација. Овој проект би се засновал на развој на „двомоторна лесна повеќенаменска аеродинамична концепција“ која би требало да се заврши во период од наредните пет години. Вкупната цена на воведната фаза на проектот за конструирање на новото летало, судејќи според процената на порталот за државни набавки, е проценета на четири милиони руски рубли.
Од информативната служба на Обединетата воздухопловна корпорација (ОАК) појаснија дека инженерските капацитети што ги поседува корпорацијата активно работат на освојување нови концептуални решенија за перспективнивидови вооружување, вклучувајќи тука и нови платформи за оперативно-тактичката авијација.
„Овие проекти претставуваат перспективна програма на работа на ОКБ „Сухој“ и ОКБ „Микојан“ во рамките на новоформираниот Дивизион на воената авијација на ОАК“, напоменуваат од информативната служба на концернот.
Секако дека руската воздухопловна индустрија поседува потенцијал во развојот и производството на борбени летала од лесната класа да биде лидер во светот. За жал, последните 25 години беа потрошени на бескрајни разговори дали на руската армија воопшто ѝ е потребен авион со такви карактеристики. Никако не можеше да се прејде од зборови на дело. За тоа време сите останати земји кои имаат способност за производство на современи летала самостојно или со меѓусебна соработка успеаја да лансираат неколку типови лесни борбени авиони. Тоа пред сé се однесува на Јужна Кореја, Јапонија, Индија, Турција и Тајван. И во НР Кина за последните четвртина век проектираа и пуштија во производство три варијанти на лесни ловци. И сето тоа со мотори од руско потекло. Дури и САД, кои традиционално многу скептични спрема борбените летала од оваа класа, активно се вклучени во нивен развој.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче