Непријателот кој утре би се судрил со руската армија мора да смета на огромен број дронови-убијци

kalashnikov.media
Новата генерација руски копнени роботизирани системи во своето вооружување ќе има арсенал од минијатурни беспилотни летала со ударни својства. Овие дронови ќе бидат во состојба самостојно да ја забележат својата цел, да извршат негова идентификација и, по потреба, да го уништат.

Ударните минијатурни беспилотни летала ќе имаат способност самостојно да ги уништат своите цели. Покрај сé, можат да се користат како дронови-извидувачи. Сите овие летала ќе бидат во состав на руските борбени роботизирани системи. Ова за веб-порталот ТАСС го изјави раководителот на Националниот центар за развој на технологии и базични елементи на роботика во рамките на Фондот за перспективни истражувања (ФПИ) Олег Мартјанов.

„Тоа се мали ударни беспилотни летала кои ќе имаат способност да избегнат средба со потенцијалните пречки и закани. Овие дронови ќе бидат во состојба самостојно да ја забележат својата цел, извршат негова идентификација и, по потреба, да го уништат“, истакнува рускиот експерт.

Модулот опремен со беспилотни летала овозможува нивно лансирање во автоматски режим на работа. Поточно, истовремена употреба на голем број беспилотни летала кои формираат рој („камикаѕе-дронови“). Овој рој ќе биде во состојба да неутрализира десетици непријателски цели на првата линија на фронтот и неговата поблиска тактичка длабочина. Секој од овие камикаѕе-дронови ќе може да се користи во група или индивидуално, што во основа зависи од специфичноста на задачата.

Втората варијанта на дронови кои ги развиваат руските специјалистички научноистражувачки заводи ќе биде малку погабаритна. Овие летала во основа ќе бидат наменети за мапирање, пребарување и одредување на цели, како и изработка на тродимензионална мапа на теренот. Специјалистот прецизира дека двата типа беспилотни летала ќе влезе во основната опрема на копнениот роботизиран систем „Маркер“.

Роботизирана борбена платформа-гасеничар „Маркер“ претставува показен демонстратор на новата технологија. Направен е на модуларен принцип со откриена информациска архитектура. Една од главните карактеристики на овој проект е и содејство на борбениот робот со „рој“ беспилотни летала кои формациски се организирани по групи.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња