Руските научници работат на развој на робот кој ќе ги извлекува ранетите од борба?

Мултифункционален роботизиран систем „Уран-9“.

Мултифункционален роботизиран систем „Уран-9“.

Vitaly V. Kuzmin/www.vitalykuzmin.net
Конструкторите мораат да осмислат технички проект кој ќе овозможи создавање медицински евакуациски платформи со висока проодност, како и автоматизирани технологии за дијагностика и контрола на здравствениот статус на ранетите, болните и повредените. Целиот проект го носи кодното име „Евакуација-Р и неговата опитно-конструкторска фаза треба да заврши до втората половина на 2022 година.

Министерството за одбрана на Руската Федерација е заинтересирано за развој на палета медицински роботизирани системи кои ќе бидат наменети за евакуација на ранетите и повредените војници од првите линии на фронтот. Првите модели на специјалната роботизирана техника се очекуваат во втората половина на 2022 година. Подароците за нарачателот на оваа работа (опитно-конструкторскиот проект) се објавени на сајтот за државни набавки.

„Министерството за одбрана на Руската Федерација ја информираше јавноста за распишувањето затворен конкурс за изработка на опитно-конструкторски проект што ќе го носи називот „Развој на повеќенаменски роботизиран медицински систем за евакуација на ранети и повредени на перспективни копнени платформи“ (кодно име „Евакуација-Р“), се наведува во документот што го пренесува ТАСС.

Вкупната цена на опитно-конструкторската фаза на проектот изнесува 249982141,5 рубли и временски е ограничена на 10 ноември 2022 година, кога треба да биде реализирана.

Оваа сума сукцесивно ќе се исплаќа по календарски години, па така во 2020 година ќе бидат исплатени 85 милиони рубли, во 2021 година -127 милиони рубли и во 2022 година 40 милиони рубли. Резултатите од овој конкурс ќе бидат објавени до 5 август оваа година.

Проект „Евакуација-Р“

Во октомври 2016 година веб-порталот Газета.Ру ја објави информацијата дека руското Министерство за одбрана планира да иницира проект за развој на ново семејство специјални роботизирани системи. Целта на научно-истражувачката работа (НИР) со кодно име „Евакуација-Р“ е изработка на технички облик и тактика на употреба на специјални роботизирани системи со медицинска намена на првата линија на одбраната. Вкупната вредност на проектот е проценета на 90 милиони рубли.

Конструкторите мораат да осмислат технички проект кој ќе овозможи создавање медицински евакуациски платформи со висока проодност, како и автоматизирани технологии за дијагностика и контрола на здравствениот статус на ранетите, болните и повредените.

Реализацијата на проектот се планира во неколку етапи. По завршувањето на научно-истражувачката работа Министерството за одбрана на РФ треба да ја добие комплетираната тактичко-техничка основа на проектот врз чија основа може да ја стартува фазата на опитно-конструкторската работа. Нејзиниот резултат ќе биде конструирање на роботизиран систем кој ќе има способност самостојно да ги лоцира, прифати и евакуира ранетите од полето на кое се води битка. Тој ќе мора да има врвни способности во однос на проодноста. Покрај тешкиот терен кој се состои од голем број природни пречки, новиот робот ќе мора непречено да се движи и во затворени простории, да совладува пречки како што се скалила и сл.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња