Ова за веб-порталот „Интерфакс“ го изјави извор од „Ростех“. Соговорникот на овој медиум зборуваше и за некои тактичко-технички параметри на новиот систем.
Што се однесува до овој комплекс, во неговиот состав влегуваат самоодно лансирно возило, транспортно-логистичко возило и транспортно-лансирни контејнери во кои е сместена инженерската муниција која, патем кажано, е во склад со Женевската конвенција, пренесува веб-порталот РГ.
Комплексот „Земледелие“ може да се користи за формирање мински полиња од различни типови минско-експлозивни средства. Овие мини се опремуваат со специјални запалки кои по извесно време (програмирано) се самоуништуваат. Овој систем овозможува изработка на мински полиња на безопасен начин. Благодарение на камионската платформа на тркала, системот е многу мобилен.
Исто така е откриено дека комплексот за далечинско минирање „Земледелие“ има ефективен домет кој се движи во опсег од 5-15 километри. Притоа од лансирните контејнери кои личат на стандардните повеќецевни ракетни лансери можат да се лансираат проектили кои носат инженериски мини од нова генерација.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче