Новиот прибор за ласерско сечење под вода првпат ќе биде прикажан на Меѓународниот саем на оружје и воена техника „Армија-2020“, соопшти во саботата, 27 јуни, руското Министерство за одбрана. Меѓународниот военотехнички саем „Армија-2020“ се одржува последната недела на август (23-29.08) на изложбениот простор на паркот „Патриот“ (Кубинка). Првпат ќе биде продолжено траењето на манифестацијата која наместо шест ќе трае седум дена.
„Уникатната техника за ласерско сечење при изведувањето подводно-техничкии бродоградежни операции првпат ќе биде демонстрирана на Меѓународниот военотехнички саем „Армија-2020“. Оваа иновативна апаратура ќе им овозможи на нуркачите ласерско гасодинамичко сечење на метални конструкции, како и на елементи изградени од композитни материјали на длабочина и до 60 метри“, се наведува во соопштението што го пренесува веб-порталот РИА „Новости“.
Треба да се истакне дека крајната длабочина на која може да функционира приборот за подводно сечење може да биде зголемена на 600 метри. Оваа длабочина може да се постигне со помош на специјални теледиригирани беспилотни подводни апарати.
Како што забележуваат развојните инженери од Научно-истражувачкиот института за подводни технологии и спасување при Воено-школскиот научен центар на ВМФ на Русија, во проектот е реализирана идејата за примена на ласерски технологии под вода, каде акцентот е ставен на технологијата на обезбедување континуирано сечење на конструкција, без неопходна употреба и замена на електроди.
Примената на оваа апаратура значително ќе ја зголеми ефикасноста на горенаведените операции, истовремено зголемувајќи ја безбедноста на персоналот кој учествува во нив, затоа што ќе се елиминира присуството на протокот на електрична енергија кое во дадени околности може да биде фатално. Покрај овие важни особености, новата апаратура ќе биде ергономски далеку полесна за употреба, што ќе ја зголеми удобноста на нејзината примена.
Од руското Министерство за одбрана изразуваат увереност дека ласерскиот „секач“ ќе има своја примена не само во поморските единици на руската армија, туку и во цивилната сфера, и дека неговата конструкциска архитектура ќе обезбеди безбедна и ефикасна употреба при хавариско-спасувачките и подводно-техничките операции.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче