Терористите успеаја да го запленат овој тенк во неисправна состојба за време на борбите со единиците на сириската армија кон средината на февруари оваа година, пренесува веб-порталот РГ.
Станува збор за стара модификација, која според различни извори е произведена во раните 90-ти години на минатиот век (модел од 1992 година). За разлика од помодерните верзии на овој тенк, моделот од 1992 година нема нишан со термовизиска камера (наместо тоа, тенкот има инфрацрвен уред кој се одликува со значително послаби способности кога станува збор за детекција на непријателот на поголеми далечини, како и со понизок квалитет на нишанењето). Исто така, послаба е и неговата оклопна заштита во однос на поновите модели.
HTS use T90 against AQ friends in Idlib( tank caputered few months ago in Aleppo pic.twitter.com/Yhf2CVvQoE
— ZOKA (@200_zoka) June 24, 2020
Погонскиот мотор генерира помала моќност (840 коњски сили) за разлика од верзијата Т-90А (1000 КС) и особено Т-90М (1130 КС). Оваа верзија на тенкот користеше и гасеници идентични на оние на основниот борбен тенк од постарата генерација Т-72.
Запленетиот тенк беше во неисправна состојба. Делот од куполата на кој се наоѓаше тежок митралез беше оштетен и исфрлен од строј. Судејќи според фотографиите објавени на интернет, терористите не успеале да го ремонтираат и поправат (да го вратат во функција) овој сегмент на тенкот.
Многумина воени експерти сметаа дека по запленувањето овој тенк набрзо ќе биде уништен од страна на сириската армија. Меѓутоа, од моментот кога „падна во рацете“ на терористите, тој никогаш не се појави на бојното поле, нешто што го спаси.
Во вооружувањето на руските оклопно-механизирани единици на Копнените сили во моментов се наоѓаат основни борбени тенкови Т-90А. Годинава најелитните единици на руската армија ќе започнат со процесот на преоружување на овие тенкови на длабоко модернизираниот стандард Т-90М, кај кој значително се подобрени основните тенковски карактеристики како огнената моќ, оклопната заштита и подвижноста. Основниот борбен тенк Т-90М „Пробив“ во однос на неговите севкупни способности е еден од најдобрите тенкови на светот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче