Припадниците на руските десантни единици добиваат роботи-извидувачи „Сектант“

Сликата e симболична

Сликата e симболична

Marsonline

Гардискиот состав на Воздушно-десантните сили на Улан Уде во Усуријск ќе добие до крајот на оваа година десетина комплети роботизирани системи со мали димензии за набљудување 1К144 „Сектант“, пренесува Министерството за одбрана на РФ.

Станува збор за комплет од сеизмички, магнетометриски сензори и уреди со инфрацрвен спектар. Се поставува, како што објаснуваат од воениот ресор, под земја и фактички се наоѓа под нозете на непријателот.

Димензијата на „Сектант“ е околу 20 сантиметри, тежината од 150 до 600 грама, но има големи способности. Во состојба е да го определи бројот на борци во движење, како и количината и видот на техниката. Под земја може да „види“ дури и хеликоптер кој лета на помала висина. Освен тоа, роботот може да даде информација за тоа дали човекот е вооружен или не.

Подземниот извидувач е во состојба да се прилагоди на нивото на попречување и е многу тежок за „ранување“. Експлозија на растојание од пет метри не му пречи на „Сектант“ во работата.

Информациите за непријателот, вклучувајќи ги и координатите и правецот на движење, роботот може да ги пренесе на растојание до 15 километри. Информацијата стигнува на портабл-пунктот на операторот или автоматизирано работно место. Времето на работа на системот без полнење изнесува 30 дена.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња