Руски мајстор во Мурманск експериментира со производство на предмети од рибја кожа

Александар Архипов/Russian Look/Global Look Press
Кожата на бакаларот и морскиот волк може да се користи како материјал за изработка на чанти, елеци, шапки, различни аксесоари и сувенири. Овој материјал се одликува со голема цврстина, има необична текстура и нуди големи можности за експериментирање.

„Рибјата кожа со правилна обработка е многу цврста и еластична, ништо послаба од кожата на другите животни, но притоа е значително потенка и подолговечна. Технологијата на обработка е слична на обичната обработка во производството на кожа: ги отстранувам остатоците од месо, внимателно ја мијам, во специјални раствори ја отстранувам маснотијата, оставам да се суши неколку часа, а понекогаш и неколку дена, потоа оди процесот на омекнување и боење, а потоа повторно сушење. Околу 50 килограми кожа можам да обработам за недела дена, потоа ја праќам во работилницата каде мојата колешка смислува модели и шие“, објаснува Константин Сјомин.

Тој е единствениот мајстор во Мурманск кој се занимава со обработка на рибја кожа во количини доволни за производство. Оваа вештина ја научил во Ингушетија, каде мајсторите работат со кожа на лосос.

Предметите од рибја кожа ги изработува Оксана Панова.

„Како кројачка можам да кажам дека материјалот од бакалар е многу погоден, лесно се шие, додека морскиот волк е малку посложен за шиење, мора да се користи и чеканче. Шијам на обична машина за шиење, само што има специјално стапало и посилни игли“, вели Панова.

Со обработка и производство на предмети од рибја кожа од дамнина се занимавале староседелците на Северот. Уште пред два века научиле да шијат обкека и обувки од рибја кожа. Мантилите, чизмите, ракавиците од кожата на бакалар биле незаменливи за рибарите на отворено море. Тие се цврсти, лесни, отпорни на вода и долготрајни. Добро обработената рибја кожа потсетува на змиска или крокодилска. Стручњаците сметаат дека рибјата кожа може во целост да биде конкурентна во споредба со телешката и свинската.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња