БТР-82А сочува животи на борци во силна експлозија во Сирија

БТР-82А и понатаму се употребуваат на територијата на Сириската Арапска Република. Овие оклопни транспортери активно се користат во руската воена полиција.

Неодамна една единица беше вклучена во реализација на мировни задачи.

Во текот на патролирањето беше активирана експлозивна направа која терористите ја поставиле покрај патот. Се претпоставува дека нејзината сила била споредлива со детонација на околу педесет килограми тротил. По силната експлозија оклопното возило претрпе помали оштетувања, а борците кои беа внатре не беа повредени.

Во овој момент домашните конструктори работат на унапредување на заштитата на своите борбени машини. Така, на пример, на модернизираниот БТР-82АТ се инсталирани дополнителни засолништа од оклопен челик кои штитат од митралески куршуми со голем калибар, и специјални противкумулативни решетки кои ја намалуваат ефикасноста на погодоците од рачни ракетни фрлачи, како и од оние со лафет.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња