Во Русија почна сериско производство на арктички хеликоптер

„Хеликоптери на Русија“
Холдингот „Хеликоптери на Русија“ почна со сериско производство на арктички хеликоптери Ми-8АМТ.

Една од главните специфичности на леталото е уникатниот систем за загревање на агрегатот на трансмисијата, кој овозможува оперативно стартување на моторот при крајно ниски температури, дури и ако хеликоптерот долго време се наоѓал надвор од хангар, на отворен простор, се вели во соопштението на компанијата.

Отпорноста на исклучително ниски температури е постигната со подобрување на термичката заштита на товарната кабина, со термоизолациски завеси на вратите на лизгање и крилата на кабината, а во хеликоптерските системи наместо гумени се вградени тефлонски црева, отпорни на мраз.

Хеликоптер е опремен со дополнителни резервоари за гориво кои овозможуваат летање на големи далечини, што е многу важно за слабо населените северни региони.

Долетот на арктичкиот Ми-8АМТ изнесува до 1400 километри. На леталото можат да се инсталираат системи за слетување на вода при летови над големи водни површини на арктичкото подрачје.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња