„Аурус“ ќе работи во кооперација со компанијата „КамАЗ“

Komsomolskaya Pravda/Global Look Press
Корпорацијата „КамАЗ“ ќе помогне во производството на компоненти за автомобилите Aurus, изјави шефот на Министерството за индустрија и трговија на РФ Денис Мантуров. Според него, во кооперација со „КамАЗ“ започнува производството на мотори и редуктори.

Мантуров прецизираше дека дел од компонентите ќе се произведува во фабриката Ford Sollers во Елабуга, а останатите делови во главното производно место во градот Набережние Челни. „Ние сметаме и на препријатијата кои страдаа од пандемијата поради застојот“, додаде тој.

Автомобилот Aurus ќе се состои од 4,5 илјади компоненти, кои ќе ги произведуваат 74 производители. Меѓу нив се домашни и странски компании. Притоа деветстепениот менувач и моторот се во целост од домашно производство, нагласи Мантуров.

Првите примероци ќе бидат доставени до клиентите почнувајќи од март 2021 година. Претходно се зборуваше дека побарувачката опаднала поради пандемијата на коронавирусот, меѓутоа вистинската состојба е обратна: побарувачката за новиот мотор порасна.

Во моментов за нарачка е достапен Aurus Senat, чија цена се движи околу 18 милиони рубли (околу 230000 евра). Во мај беше забележан еден примерок во Белгија (автомобилот има домашни таблички).

Покрај лимузината, во понудата на „Аурус“ се наоѓа и лимузина во блиндирана верзија – таков автомобил користат Владимир Путин и неколкумина други високи функционери.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња