Во Севастопол и Новоросијск повеќе од десет бродови ќе учествуваат во воената парада во чест на јубилејот на Големата Победа, која ќе се одржи на 24 јуни. Ова на 10 јуни го објави прес-службата на Црноморската флота.
„Во Севастополскиот и Цемескиот залив на градовите-херои Севастопол и Новоросијск во рамките на одржувањето на празничните манифестации посветени на 75-годишнината од Победата во Големата татковинска војна ќе бидат одржани паради на бродовите на Црноморската флота“, се наведува во соопштението.
Во Севастопол во свечениот строј ќе бидат поставени подморницата „Ростов на Дон”, малите ракетни бродови „Вишни Волочек” и „Ингушетија”, големиот десантен брод „Цезар Куников”, патролните бродови „Ладни” и „Питливи”, фрегатата „Адмирал Есен”, како и пограничен патролен брод на Пограничната служба на ФСБ на Русија.
Во Новоросијск во поморската парада ќе учествуваат малиот противподморнички брод „Касимов”, миноловецот „Железњаков”, спасувачкиот реморкер СБ-742, хидрографскиот брод ГС-402, како и пограничен патролен брод на Пограничната служба на ФСБ на Русија.
Во чест на 75-годишнината од Победата на бродовите ќе бидат подигнати украсни знамиња, а кога ќе падне ноќта ќе биде вклучено свечено осветлување. Свечениот строј ќе биде формиран до 19 јуни.
Малиот ракетен брод „Ингушетија” е осмиот брод на модернизираната серија „Бујан-М”, изработен за Црноморската флота во Зеленодолскиот завод „Горки”. Спуштен е во вода на 11 јуни 2019 година. Во составот на Црноморската флота се наоѓаат уште два брода од проектот „Бујан-М”: „Орехово-Зуево” и „Вишни Волочек”.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче