Екипажите на крајбрежните ракетни системи „Бал“ и „Бастион“ увежбуваат условен ракетен напад на морски цели на бреговите на Крим и на Кавказ, соопшти информативната служба на Црноморската флота.
Екипажите на артилериските батерии увежбуваат распоредување на техниката на позиции со различни карактеристики на теренот, како и подготовка за стрелба, а исто така и промена на борбениот поредок и локацијата по примена на оружјето.
„Бал“ е мобилен систем на шасија МЗКТ-7930 кој може да има најмногу две командни места и четири лансери со по осум крстосувачки ракети Х-35/Х-35У, и возила за транспорт и претовар.
Направен е со цел да ги контролира територијалните води и да ги штити военопоморските бази и други крајбрежни објекти, како и да уништува непријателска жива сила при нејзино истоварување на брег.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче