„Калашников“ го прикажа прототипот на легендарниот автомат АК-74М (ВИДЕО)

Скриншот
АК-74М со право се смета за еден од најдобрите и најпопуларни автомати на светот. Ова оружје на легендарниот конструктор Михаил Калашников е лесно, сигурно и компактно, со мал трзај.

„Работата над оваа серија почна кон крајот на 1980-е. Целта беше да се создаде универзален модел на автомат за сите родови војска и сите специјални служби“, објаснува вработениот во Военоисторискиот музеј на артилеријата Руслан Чумак во видеоприлогот што го објави „Калашников Media“.

Пред да биде започната работата над АК-74М, постоеше автомат со ноќен нишан. Таквите модели на АК имаа специјален уред за прицврстување на нишански додатоци.

Според конструкцијата тој не се разликуваше од автоматот наменет за обичните пешадијци, но за негова изработка беше потребна дополнителна опрема. Поради тоа е воведено барањето во секој примерок да се вгради шина за ноќен нишан, што е и реализирано во модернизираниот автомат „Калашников“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња