„Во овој момент работиме над снајперското оружје DXL-5, поточно куршум кој ќе овозможува прецизни погодоци на рекордни далечини кои се движат во опсег од шест-седум километри, додека сигурни погодоци ќе се остваруваат на далечина до три километри. Вакви пушки на светскиот пазар на оружје и воена техника сé уште немало“, изјави за веб-порталот РИА „Новости“ првиот човек на компанијата Lobaev Arms Владислав Лобаев. Треба да се напомене дека дострелот од 7000 метри е карактеристичен за минофрлачите со калибар 120 мм „Сани“.
Според зборовите на првиот човек на компанијата Lobaev Arms, супериорноста на оваа пушка кога е во прашање дострелот се базира на муницијата која ќе има низа технолошки иновации.
„Новиот куршум што се прави за снајперските пушки DXL-5 е правен според апсолутно нова технологија на иднината. Тој се карактеризира со поголеми димензии и почетна брзина на устата на цевката. Последниов податок е значително поголем отколку кај стандардното оружје. Што се однесува до поконкретните податоци кои се однесуваат на калибарот на куршумот и другите технички параметри, тие се со статус „строго доверливо“, истакнува Лобаев, пренесува веб-порталот РГ.
Според неговите зборови, пушката најверојатно ќе биде комплетирана до почетокот на 2021 година, меѓутоа тој рок може да биде и поместен поради пандемијата на коронавирусот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче