По исфрлањето на авиобомбата од авионот, се активира специјален спремник во кој се наоѓа падобран, пренесува веб-порталот РГ. Тој има задача да го забави нејзиниот пад, при што на тој начин се обезбедува време за излегување на авионот од радиусот на нејзиното дејство. Освен тоа, на тој начин се стабилизира траекторијата на бомбата така што се формира идеален агол на пад, кој ја исклучува можноста за недоволно цврст контакт со метата, поточно се избегнува ефект на рикошет.
Кадры учений/исптыний: применение бомбардировщиком Су-34 бетонобойной бомбы БетАБ-250. pic.twitter.com/0wCFofqDGc
— SwankyStas (@StasSwanky) June 2, 2020
Штом се стабилизира летот на бомбата во однос на нејзината цел, доаѓа до отфрлање на падобранот. Речиси истовремено се активира ракетниот додаток кој дополнително ја забрзува само бомбата. Овој ракетен додаток ѝ обезбедува на бомбата, која во себе има боева глава наполнета со 77 килограми компресиран високобризантен експлозив, да пробие армирано-бетонска структура со дебелина од 1500 мм.
Експлозијата на оваа бомба е во состојба во целост да уништи околу 50 м2 писта. Запалката може да се намести веднаш да експлодира при контакт на бомбата со тлото, или со одложување на експлозијата (како што е овде конкретниот случај). Ова второто е особено употребливо при продирање на бомбата низ структурата на гаѓаната цел/објектот, заради максимално искористување на разорниот потенцијал на експлозијата.
Овој тип на бомба може да се употреби и против оклопна техника. БетАБ-500 може да пробие хомогена челична плоча дебела половина метар, што е повеќе од доволно за практично сите современи тенкови кои се наоѓаат во оперативна употреба. Тоа е особено нагласено поради причини што ваквата бомба ја напаѓа горната проекција на тенкот, каде што оклопот е најтенок.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче