Уст-Катавскиот завод за производство на вагони, дел од руската Обединета ракетно-космичка корпорација, ќе почне со производство на лифтови со гласот на Јуриј Гагарин. Ова го објави ТАСС, повикувајќи се на соопштение на прес-службата на корпорацијата.
Пред придвижувањето на лифтот од звучниците ќе се слушне познатата фраза „Поехали!” (мак. Одиме!) што Гагарин ја изговори при лансирањето на ракетата со која прв полета во вселената. Во текот на движењето на лифтот ќе се слуша музика.
Освен тоа, сите лифтови ќе имаат огледала и ракофати, како и екран во боја за известувања.
Како што беше претходно соопштено, до крајот на оваа година заводот планира да постигне капацитет на производство од 50 лифтови месечно.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче