Либија: руски „Корнет“ разнесе објект до темел и ја уништи комплетната жива сила во него (ВИДЕО)

Интернет-портал „Бог-рата“
Спротивставените страни во Либија продолжуваат засилено да користат наведувано противтенковско оружје. Притоа ракетите лансирани од овие системи не уништуваат само подвижни цели, како што е непријателската оклопна борбена техника во различни верзии, туку и неподвижни објекти како разни упоришни точки, бункери, фортификации и сл.

Либиската национална армија уништи позиција на ривалска групација со дејство на наведувана противтенковска ракета од руско производство „Корнет“.

Борците на федмаршалот Халифа Хафтар објавија видеоснимка на која се гледа употреба на руски противтенковски ракетен систем „Корнет“. Снимката е направена за време на судир во едно населено место. Видеоматеријалот е направен во ноќни услови. Ракетата погоди објект во кој, според зборовите на авторот на снимката, се наоѓаше група на утврдени непријателски војници.

По успешниот погодок на објектот, дојде до страотна детонација од чие дејство следеше негово комплетно разурнување. Според веб-порталот РГ, ракетата успеа да ја активира и муницијата што се наоѓаше во објектот. Судејќи според сé, нема преживеани.

Извозната верзија на рускиот ракетен систем 9M133 „Корнет-Э“ е испорачана на Либија уште за време на владеењето на познатиот лидер Муамер Гадафи. По избивањето на судирот во оваа земја, „Корнет“ ја покажа својата висока ефикасност при борбите на отворено (пустина), но и операциите во урбани зони. Употребата на современиот нишан овозможува употреба без оглед на временскиот период (ден/ноќ).  

Во меѓувреме овие системи се забележани на различни подвижни платформи (воени и цивилни автомобили, дури и на тешки градежни машини). Тоа ја зголеми мобилноста на комплексот и овозможи негово активно присуство на најтешките делови на линијата на фронтот, каде што се водени најтешките борби.

Покрај ракетниот систем „Корнет“, завојуваните страни во Либија многу интензивно ги користат и малку постарите наведувани системи  „Фагот“, „Конкурс“ и „Метис“. Во активна употреба и советскиот систем „Маљутка“.

Што претставува ракетниот систем „Корнет“?

Преносниот ракетен систем „Корнет“ првенствено се употребува против оклопни борбени средства, како и против непријателски утврдени точки. Благодарение на моќната ракета со калибар 152 мм, безброј пати е докажано дека се работи за исклучително опасно оружје за најсовремените основни борбени тенкови кои во моментов се користат во светот.

Основната одлика на овој систем е наведувањето со помош на ласерски сноп. Благодарение на ваквиот тип на наведување на ракетата, таа добива карактеристики на високопрецизно оружје. Имено, оваа ракета како снајпер може да погоди непријателска цел на далечини и до 5500 метри. Нејзиното отклонување од траекторијата на максимален дострел е безначајно и изнесува само 0,3 метри.

Ракетата 9М133 е долга 1200 мм, а максималниот распон на нејзините крила изнесува 460 мм. Нејзината тежина изнесува 26 кг од кои на боевата глава отпаѓаат 7 кг. Спакувана е во херметички затворен танспортно-лансирен контејнер. Според техничките спецификации, ракетата 9М133 опремена со тандем-кумулативна боева глава може да пробие околу 1200 мм хомоген оклоп заштитен со динамична заштита. Исто така, овој тип на ракета може да пробие армирано-бетонски ѕид со дебелина од 3000 мм, што ја прави исклучително корисна во борба против жива непријателска сила која се наоѓа во силни утврдувања.

Се истрелува од преносен уред за лансирање 9П163М-1, кој е опремен со триножник. Оптоелектронскиот уред 1ПН-79 „Метис-2“ исто така се наоѓа во склоп на овој уред. Системот го опслужуваат два војника.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња