Одбележани 60 години од формирањето на познатиот воен полигон за обука на руските „ракеташи“

Слободан Ѓукиќ
Пред точно 60 години во Астраханската област е формиран познатиот центар за обука на единиците за ПВО. Од моментот на своето формирање па до денес, популарниот Ашулук претставува главно место за тестирање на најсовремени системи за ПВО на светот, а на него се одржуваат и бројни мултинационални воени вежби.

42 Центар за обука на единици на ПВО е формиран на 25 мај 1960 година по директива на Врховниот штаб на Вооружените сили на СССР. Меѓутоа, како регуларен датум се зема 1 јуни, кога на него се формирани првите воени единици. Целиот комплекс се наоѓа на територијата на денешна Русија и Казахстан. Во овој момент тој се протега на површина 120х38 км во Астраханската област. Околу него е воведена дополнителна безбедносна зона со површина од 20,650 хектари за максимално подигање на безбедносните стандарди, особено при вежбањето со далекуметни системи за ПВО.

Во првата година од постоењето на овој вежбовен полигон се реализирани околу 170 боеви гаѓања, за тоа време со современите ракетни ПВО-системи С-75. Во годините и децениите што следеа, обемот и интензитетот на вежбите се зголемуваше, а постепено беа воведувани и сé помодерни системи. На овој полигон безброј пати се изведуваше боево гаѓање од ракетни системи како што се С-125, С-200, С-300, како и последниот С-400 „Триумф“. На него започна тестирањето на компонентите кои ќе го сочинуваат ракетниот систем од нова генерација С-500 „Прометеј“. Покрај „ракеташите“, на полигонот вежбаат и екипажи на борбени авиони.

Во овој момент официјалното име на воениот полигон Ашулук е 185 центар за обука за боева примена во составот на ВКС на руската армија. Опремен е со современа радарска, телеметриска и оптоелектронска техника, што му овозможува организација и контрола на најсложени мултивидовски воени вежби. Конкретно, на овој полигон редовно учествуваат ПВО-единиците од армиите на Заедницата на независни држави.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња