ВИДЕО: Руски стратешки ракетоносец пробива „непријателска” зона на ПВО

Министерството за одбрана на Русија објави снимка од тренинг на стратешки ракетоносец Ту-95МС на Воздушно-космичките сили на Русија.

Во текот на летечко-тактичките вежби овој авион увежбуваше акција на пробивање на непријателска зона на противвоздушната одбрана. Иако се работи за сериозна задача, екипажот на авионот работеше смирено и самоуверено и летот помина подеднакво мирно како лет на патничкиот авион „Ербас“ до Турција, барем така изгледаше отстрана.

Тренингот е одржан во рамките на проверката на подготвеноста на воздухопловната база на стратешката авијација „Енгелс” кај Саратов за летниот период на обука. Комисијата формирана од командата на единицата го провери квалитетот на одржување на целокупната техника на воздухопловната база, почнувајќи од патничките автомобили па сé до стратешките бомбардери, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња