Развојот и конструкцијата на новиот брод е многу актуелна затоа што во Русија во служба има голем број бродови од тој тип кои постари од 40 години. Колку бргу ќе биде направен новиот транспортен брод зависи од цената што ќе ја објави производителот.
Засега единствено има изјава од производителот дека цената „нема да биде повисока од сличните бродови во светот“. Ако нарачките бидат поголеми, првиот брод ќе биде испорачан веќе следната година. Бродот од 8 илјади тони од класата „река-море“ е предвиден за превоз на големи контејнери со широк спектар роба, вклучувајќи и опасни материи.
Новиот брод од проектот 23640 е близок до класата бродови „Волгадон макс“. Особено внимание на конструкторите е насочено кон аеродинамиката на бродот, која ќе му овозможи движење со помал отпор, што значително ќе ја намали потрошувачката на гориво.
Концептот на проектот ќе се потпира врз домашни материјали и корпорации. Производството на бродовите од проектот 23640 може да биде организирано во неколку домашни заводи. Финансирањето на изградбата ќе се одвива преку компанијата „Машпролизинг“. Според директорот на Обединетата бродоградежна корпорација Алексеј Рахманов, досега е завршени дизајнот на проектот кој му е претставен на Рускиот поморски регистар на бродови. Во случај на брзо решавање на административните прашања, потенцијалниот купувач може да добие нов транспортен брод веќе 2021 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче