Руски војници „на гурку“ покренули самоходну хаубицу 2С1 "Гвоздика". Не би ти било ништа чудно да иста нема скоро 16 тона.... pic.twitter.com/09MyWrvFT2
— Marsonline (@gvozdenavolja) May 28, 2020
Оваа хаубица се наоѓа во вооружувањето на голем број армии ширум светот. Русија врз база на неа направи низа модификации и на тој начин го продолжи нејзиниот работен век, пишува Mars.online.
Претставува самоодна хаубица со калибар од 122 милиметри. Нејзиниот развој започна дамнешната 1967 година, а сериското производство во 1971 година. Нејзина основна намена е уништување и неутрализирање на жива сила надвор од скривници од полски тип, непријателски огнени средства, артилериски и мототехнички системи за вооружување и воена опрема на непријателот. Наменета е и за уривање на отпорните точки, жични и други препреки, како и правење приод во минските полиња. На оклопна платформа на гасеничар интегрирана е хаубица 2А31 (Д-32), со калибар од 122 милиметри, со борбен комплет од 35 моментално-фугасни и пет куршуми со кумулативно зрно. Максималната оддалеченост на проектилот е околу 15500 метри. Се одликува со темпо на оган од 5 гранати во минута.
Нејзината вкупна тежина изнесува 15.7 тони, а покрај дизел-моторот ЯМЗ-238Н со максимална сила од 300 коњски сили. Целиот корпус е заштитен со оклоп со дебелина од 15-20 милиметри. Полниот резервоар овозможува досег и до 500 километри, при што хаубицата може да развие брзина и до 60 километри на час. Екипажот е составен од четири члена.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче