БМП-2 погоди автоматска пушка АК-74М: таа остана неупотреблива, стрелецот остана без рака (ФОТО)

Marsonline (bog-rata.com)
На интернет-ресурсите се појави фотографија од „растурена“ автоматска пушка АК-74М. Во описот се наведува дека таа е погодена при распрснување на фрагментарно-разорна граната истрелана од автоматски топ 2А42. Во овој случај дејствуваше борбено возило на пешадијата БМП-2. Стрелецот кој го употребуваше ова оружје остана без шака и рачен зглоб.

АК-74М претставува стандардно оружје на руската војска. Претставува модификација на основната пушка АК-74 кој во советската армија беше воведена во 70-тите години на минатиот век. Оваа пушка првенствено се наоѓа во вооружувањето на поранешните советски републики и држави на Варшавскиот пакт, но и на бројни азиски земји. Нејзиното присуство е регистрирано и во Африка и Јужна Америка, пишува Mars.online.

Што се однесува до инцидентот со пушката АК-74М која се наоѓа на фотографијата, таа е веројатно погодена од шрапнел кој настанал при експлозија на граната со калибар 30 мм. Притоа стрелецот кој го должел оружјето остана без шака. Местото и времето на инцидентот не се прецизирани.

Во текстот се наведува дека гранатата е истрелана од борбено возило на пешадијата од советско потекло БМП-2. Ова возило и понатаму активно се наоѓа во вооружувањето на руската армија (првенствено во механизираните единици). За него се подготвени пакети модернизација, така што и понатаму ќе остане во активна воена употреба.

Автоматскиот топ 2А42 користи гранати со калибар 30 мм. Неговиот ефективен дострел изнесува околу 4000 м. Во борбениот комплет обично има 500 гранати. Се работи за топ развиен уште во 80-тите години на минатиот век во познатиот завод „Туламаш“ од Тула.

Топот испукува муниција со калибар 30×165 мм, а балистичките карактеристики на гранатата обезбедуваат ефективен дострел до 4000 метри (пробојност околу 50 мм хомоген челик под агол од 60 степени на растојание од 1000 м). За овој топ се развиени 2 типа на муниција со калибар 30×165 мм - панцирна и фрагментарно-разорна. Борбени платформи кои го користат како основно вооружување се оклопните борбени средства БМП-2, БМД-2, БМД-3, БТР-90, како и хеликоптерите Ка-50, Ка-52 и Ми-28.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња