Како несудените противници Су-30МК2 и F-16A/B чуваа ирански танкери во Карипското море (ВИДЕО)

Marsonline (bog-rata.com)
Иранските танкери кои превезуваа гориво за Венецуела заедно ги штитеа ловци од руско и американско потекло Су-30МК2 и F-16 A/B. Тие ја реализираа придружбата во тнр. „ромб“ формација. Леталата беа вооружени со убојни средства од класата „воздух-воздух“ и „воздух-вода“.

Инаку, Венецуела во своето вооружување има повеќе од 23 повеќенаменски авиони-ловци Су-30МК2 набавени од Руската Федерација. Овие летала се распоредени во четири ловечко-пресретнувачки ескадрили. Исто така, покрај овие авиони, има и 21 летало од американско потекло F-16A и F-16B, распоредени во две ловечки ескадрили, пишува Mars.online.

На видеоснимката јасно се гледа разликата меѓу овие авиони. Имено, Су-30МК2 е многу поголем авион од F-16. Тој спаѓа во категоријата „тешки“ ловци, кој својата ударна сила може да ја проектира во раширена зона на дејство. Една од неговите главни карактеристики е големиот долет, кој може да достигне неколку илјади километри.

Авионите-ловци Су-30МК2 имаат повеќенаменска улога. Тие, покрај ловечко-пресретнувачки задачи, можат да се борат и против непријателски површински бродови. Повеќенаменските борбени авиони Су-30 се оспособени да носат и суперсонични противбродски ракети од класата „воздух-вода“ Х-31М (НАТО кодификација-Crypton). Овие ракети имаат дострел и до 160 км, а нивната брзиња на крстарење е поголема од 2,5 маха.

Ракетата Х-31 е опремена со боева глава тешка околу 100 кг  високобризантен експлозив, што претставува голема опасност за сите површински бродови со депласман до 5000 тони. Двете ракети се многу отпорни за системите за противелектронска борба.

Иран испрати во Венецуела пет танкери со гориво заради надминување на хроничната криза на овој стратешки важен производ. Иако Венецуела е богата со нафта, поради бројните дефекти на преработувачките системи (рафинериите, пумпните станици и сл.) драстично е намалено производството на финалниот производ.

Покрај недостигот на резервни делови за сервисирање на овие сложени системи, недостига и висококвалификуван персонал. Имено, мрежата рафинерии во Венецуела годинава работеше со само 10 отсто од своите капацитети од 1,3 милиони барели дневно. Токму поради овој факт таа е принудена да се потпира на увозот. Претпоставките се дека испратеното гориво може да ги обезбеди потребите на Венецуела во наредните две-три недели.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња