Снајперистите на армијата на Источниот воен округ распоредени во Амурската област, Хабаровскиот крај и Еврејската автономна област разработија тактика на спротивставување на воздушни цели и конкретно хеликоптери и беспилотни летала. За такви цели се применува современиот снајперски систем со голем калибар АСВК.
Крупнокалибарската снајперска пушка на вежбовните гаѓања покажа најдобра ефикасност против воздушни цели оддалечени повеќе од еден километар. Поаѓајќи од искуството од современите вооружени конфликти, се смета дека ова растојание е оптимално за неутрализирање на шпионските беспилотни летала и армиската авијација на условниот непријател, затоа што тие летала ретко заоѓаат во зоната каде што можат да бидат ефикасно соборени со стрелечко оружје во одбранбена борба.
Покрај гаѓање, снајперистите вежбаат и начини на промена на позицијата, избор на место и камуфлажа на позицијата, како и набљудување на цели и нивна класификација според степенот на важност. Посебно внимание се посветува на начините на камуфлирање и криење од современи средства за термовизиско набљудување.
Планирано е новата тактика на борба на снајперистите против воздушни цели широко да се применува во летниот период на обука кој почнува во јуни.
Пушката АСВК „Корд“ е дел од снајперскиот систем 6С8 „Корд“ што го произведува фабриката „Дегтјарев“. Министерството за одбрана на РФ во 2013 година го вброи ова оружје во арсеналот на руската армија. Пушката користи како стандардни митралески куршуми со калибар 12,7 мм, така и муниција направена специјално за овој систем.
Благодарение на шемата „Булпап“, должината на пушката е скратена на 1420 см. Без муниција и нишански додатоци е тешка 12,5 кг. Нејзината декларирана нишанска далечина е 1500 метри. Лесно оклопна техника пробива од растојание од 1000 метри. Во рамката собира пет куршуми.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче