Руското Министерство за одбрана објави ефектен филм снимен на тенковски вежби (ВИДЕО)

Скриншот
Министерството за одбрана на Руската Федерација објави на интернет интересно видео на кое се гледаат кадри од боева обука на тенкистите. Овој видеоматеријал за неколку часа собра десетици интересни коментари од читателите. Видеото можете да го погледнете во продолжение на текстот.

Кадрите се направени на различни воени вежби и споени во една целина. На видеоматеријалот е прикажана вештината на маневрирање на руските тенкови, како и отворање оган од основното орудие при голема брзина на движење. Тешките оклопни машини заедно со „блесокот“ од топовската цевка совладуваа водени пречки, како и противтенковски прегради на копно. Тенкистите не само што ја прикажаа својата вештина во управувањето на своите орудија, туку и мајсторски ги уништија зададените цели, пренесува веб-порталот РГ.

Самите видеокадри се снимени со окото на набљудувачот, но и од тенкот каде што се наоѓа екипажот. Постојано се преплетуваат снимки кои на еден мошне ефектен начин ја приближуваат работата на тенкистот до заинтересираниот набљудувач. Видеото е монтирано на еден мошне динамичен начин при што на најдобар начин може да се стекне „увид во борбената обука на тенкистите“, напоменува овој руски веб-портал.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња