За прецизен истрел: Рускиот спецназ доби контингент модернизирани снајперски пушки СВ-98

Министерство за одбрана на РФ
Спецназот доби пушки опремени со оптички нишан мод. 1-П185 кој има зголемување до 12х. Тој има нова ретина, а може да се користи и за ликвидација на цели во услови на ограничена оптичка видливост (ноќ).

Тамбовската бригада за специјална намена неодамна доби контингент ергономски многу удобни и прецизни снајперски пушки СВ-98. Ова го соопшти информативната служба на Западниот воен округ, пренесува веб-порталот РГ.

Современата модификација на ова оружје вклучува одредени доработки на оптичкиот нишан. Сега повеќе не доаѓа до „искривување“ на сликата при нишанењето, кое се јавуваше поради загревањето на цевката на пушката. Исто така, модернизираната верзија на снајперската пушка СВ-98 е опремена со телескопски кундак чија должина може да се регулира, како и со дополнителна тактичка опрема која се „закачува“ на носачите: различни видови нишани, ласерски обележувачи на целта и сл.

Спецназот доби пушки опремени со оптички нишан мод. 1-П185 кој има зголемување до 12х. Тој има нова ретина, а може да се користи и за ликвидација на цели во услови на ограничена оптичка видливост (ноќ).

„Пушката има нагласени карактеристики на прецизност кога се гаѓа на дистанци до 1000 метри. Максималната далечина за муницијата со калибар 7,62 мм е 3800 метри“, нагласуваат од штабот на Западниот воен округ.

Снајперската пушка СВ-98 е развиена на база на спортската пушка „Рекорд“ и, за разлика од неа, има рамка со капацитет од 10 куршуми.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња