Пилоти на Ленинградската армија приземјија ударен хеликоптер Ми-35 со еден вклучен мотор

Слободан Ѓукиќ
Пилоти на Ленинградската армија на Западниот воен округ реализираа обемна вежба во која учествуваа одделенија и ескадрили опремени со борбено-транспортни хеликоптери Ми-8 и ударни Ми-35. Основното сценарио на вежбата се одигруваше на висини до 200 метри.

Пилотите од составот на здружените единици на военото воздухопловство и противвоздухопловната одбрана кои се наоѓаат на поширокото подрачје на Санкт Петербург реализираа вежба за слетување на хеликоптер кај кој е симулирана работа на само еден мотор, пренесува веб-порталот РГ. Вежбата беше реализирана на подрачјето на градот Пушкин.

Како што соопшти информативната служба на Западниот воен округ, екипажот на еден хеликоптер при слетувањето префрли еден од моторите во режим на мирување и на тој начин симулираше работа со само еден мотор. Од висина која изнесуваше 40-50 метри пилотот постепено почна да ја намалува вертикалната брзина на спуштање. На висина од 10-15 метри од земјата, хеликоптерот му се доближуваше на тлото со брзина од 15-20 км/час.

Дури откако успеа да го стабилизира хеликоптерот и да ги урамнотежи сите параметри поврзани со брзината на спуштање пилотот изврши контакт со тлото. За комплетно решавање на оваа специфична задача во која е потребна посебна летачка вештина, на пилотот му требаа околу 15 минути.

Пилоти на Ленинградската армија на Западниот воен округ реализираа обемна вежба во која учествуваа одделенија и ескадрили опремени со борбено-транспортни хеликоптери Ми-8 и ударни Ми-35. Основното сценарио на вежбата се одигруваше на висини до 200 метри.

Малку повеќе за ударниот хеликоптер Ми-35М

Иако визуелно и нема некоја претерана разлика во однос на својот претходник, 35-та претставува целосно нова машина со унапредени борбени карактеристики. Се карактеризира со посовршена структура на хеликоптерската елиса која се доби со употреба на специјални композитни материјали врз база на фиберглас/стаклопластика, а која е применета и во случајот со ударниот хеликоптер од поновата генерација Ми-28Н. Потоа, значително е унапреден и проширен асортиманот на високопрецизно вооружување, како и напаѓачко-навигацискиот комплекс. Овие технолошки постапки обезбедија и продолжување на експлоатациониот рок на употреба на хеликоптерот на период и до 15 години. Применетите технолошки постапки во изработката на Ми-24ВМ (Ми-35М), во вкупен збир ја зголемуваат ефикасноста на леталото за дури два пати во однос на неговиот претходник Ми-24/Ми-25 и неговите бројни верзии.

Спарените топови ГШ-23Л со калибар 23 мм се снабдени со борбен комплет од 450 гранати. Хеликоптерот е способен да носи наведувани противтенковски ракети „Штурм“ или „Атака“, како и ненаведувани ракетни зрна С-8 и С-13. Со хеликоптерот управуваат двајца членови на екипажот. Неговата максимална брзина е околу 300 км/ч, а тежината може да достигне 11500 кг.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња