Ил-96-400 на територијата на меѓународниот аеродром Внуково, Москва.
Komsomolskaya Pravda/Global Look PressВо погонот за финално склопување на Воронешкиот авиозавод „ВАСО“, кој спаѓа во Обединетата корпорација за производство на авиони „ОАК“ (дел од државната корпорација „Ростех“), во тек се работите над новиот патнички долголиниски широкотрупен авион Ил-96-400М.
Авионот е модификација на серискиот модел Ил-96-300, на која трупот е продолжен за 9,35 метри со дополнување на сертификатот за авион од овој тип. Авионот има високи показатели на сигурност, како и неговиот претходник.
„Во овој момент на првиот пробен примерок се склопуваат главните делови. Завршено е спојувањето на трупот со крилата. Во следната фаза следува спојување на површините на опашката, како и спојување на надворешните носачи на моторите. Покрај тоа, веќе се работи на монтажа на основните системи на авионот. Планирано е кон крајот на годината да бидат завршени работите и авионот да се транспортира во станицата за тестирање на летањето“, соопшти в.д. извршен директор на авиозаводот „ВАСО“ Александар Јарчевски.
Ил-96-400М ќе биде опремен со современа опрема за пилотирање, навигација и радиоврска од домашно производство. Таа ќе овозможи исполнување на важечките и перспективните меѓународни стандарди во поглед на системите за навигација, следење и комуникација.
Медиумите кон крајот на 2018 година дознаа дека првиот авион Ил-96-400М ќе биде направен тековната година. Дизајнот на патничката кабина на овој модел беше претставен на јавноста во март минатата година. Конструкцијата заврши во септември 2019, а во јануари 2020 година авионот беше доставен во погонот за финално склопување.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче