Руски спортски автомобил Marussia се продава за 160 илјади евра

Автомобилот од 2014 година го реставрираше новосибирски дилер на автомобили.

Дилерот на автомобили VIP-Service од Новосибирск, кој се занимава со реставрација на спортски возила од брендот Marussia, понуди на продажба реставриран модел B2 од 2014 година со поминати 10 илјади километри. Цената што се бара на порталот Auto.ru е 12,5 милиони рубли (160 илјади евра).

Ова возило MarussiaB2 добил атмосферски мотор Nissan со 300 коњски сили, со запремнина од 3,5 литри во комплет со автоматски менувач и задна влеча. Купувачот може самиот да ја избере големината на тркалата. Исто така со купувачот се договараат дизајнот на кабината, формата на седиштата, прилагодувањето на системот за потпирање, дополнителен аеродинамичен тјунинг и прилагодување на притисокот на задната осовина. Освен тоа, може да се нарача и турбо полнач за моторот и автомобилот да се добие во посакуваната боја.

Авторот на огласот истакнува дека автомобилот во моментов се наоѓа во состојба на финална монтажа. За да го набавите треба да уплатите аванс од пет милиони рубли. Два месеци подоцна ќе го добиете возилото.

Компанијата Marussia Motors беше затворена во април 2014 година. Две години подоцна неколку возила од оваа марка се најдоа во продажба: кросовер F2 врз база на SsangYong Rexton и родстер B2.

Шест возила Marussia се најдоа во сопственост на новосибирскиот VIP-Service, кој за време на постоењето на брендот беше негов официјален претставник во Сибир. Меѓу возилата се купе B1 и B2, родстер B1, прототип B3, за кој постои само носечка конструкција без мотор, и кросовер F2. Во 2018 година VIP-Service ја заврши реставрацијата на Marussia B1 и го понуди на продажба за 10 милиони рубли.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња