Пилотите и операторите на вооружување на Ленинградската армија на руското воено воздухопловство и противвоздухопловната одбрана изведоа боева вежба во Курската област каде што со голем успех го положија испитот за своите вештини, наведува веб-порталот на ТВ „Ѕвезда“ повикувајќи се на информативната служба на Западниот воен округ.
Пилотите изведоа боево гаѓање на копнени цели со употреба на ненаведувани ракетни зрна, воздухопловни бомби и воздухопловни топови со калибар 30 мм. Притоа е совладана маршрута во должина од околу 300 км, каде што во точни временски рамки се достигнати назначените точки и совладан системот за противвоздухопловна одбрана на условниот непријател.
За да соберат максимален број бодови, пилотите мораа три пати да погодат копнена цел со пречник од 15 метри со употреба на ненаведувани ракетни зрна С-13ДФ и воздухопловни топови ГШ-31 калибар 30 мм.
Комплетниот персонал што беше притоа ангажиран успешно ги реши сите поставени задачи, при што секој трет пилот ги унапреди своите квалификации.
С-13 (индекс УВ ВВС - 9-А-730) претставува ненаведувана воздухопловна ракета со калибар 122 мм, наменета за борба против копнени цели (уништување на борбена техника и непријателска жива сила која се наоѓа во засолништа). Оваа ракета е развиена во 70-тите години од минатиот век и во временскиот период до сега претрпе значаен број модификации кои првенствено се однесуваат на унапредувањето на нејзината боева глава.
Конкретно, што се однесува до верзијата С-13ДФ, кај неа е унапреден ракетниот мотор, а исто така е модифицирана и боевата глава која е наполнета со содржина со голема разорна моќ (термобаричка боева глава). Предниот дел на оваа ракета е во состојба да пробие армирано-бетонски ѕид дебел 1000 мм, што му овозможува на вториот дел на ракетата со термобаричка боева глава да продре во внатрешноста на високозаштитениот објект. Поради јачината на детонацијата која се јавува во ограничениот простор, објектот во огромна мера бидува уништен и неупотреблив за во иднина.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче