Абдулманап и Хабиб Нурмагомедови
Комсомольская Правда/Global Look Press„Ситуацијата во Дагестан е многу тешка, жална. Болниците се преполни. Многу има заболени, многу луѓе умреа“, рече Нурмагомедов во обраќањето до сонародниците на „Инстаграм“.
Повеќе од 20 негови роднини се на интензивна нега поради коронавирусот, додаде тој.
„Татко ми во моментов е во болница во тешка состојба. Вирусот предизвика срцеви компликации, затоа што пред година дена имаше операција на срцето. Сега е повторно опериран“, пишува Хабиб.
Шампионот во борбите без правила ги повикува жителите на Дагестан да седат во своите домови и таму да го прослават Рамазан Бајрам, да не одат на гости и да не примаат гости.
Абдулмапан Нурмагомедов првин беше згрижен во болница во Дагестан поради сомневање за запаление на белите дробови, а кога состојбата се искомплицира и кога падна во кома беше префрлен во Москва.
Таткото на познатиот руски борец успеа да излезе од таа состојба. Како што се истакнува, познатиот тренер се лекува во една од клиниките во Подмосковјето. Абдулманап Нурмагомедов воспита 18 спортисти-прваци на светот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче