Како што наведува агенцијата РИА „Новости“, тестирањето на летањето во беспилотен режим се одвива врз база на летачката лабораторија Т-50. Пробниот пилот се наоѓа во кабината на авионот, меѓутоа за време на летот тој само ја контролира работата на автоматиката.
Се претпоставува дека беспилотниот Су-57 ќе биде многу поефикасен од другите авиони од петтата генерација поради отсуството на „човечки фактор“ и зголемувањето на квалитетот на летечко-маневарските карактеристики. Други информации за текот на тестирањето не се познати.
Минатата година започна испитувањето на интеракцијата на Су-57 и тешкото беспилотно летало „Охотник“. Полетната маса на новиот дрон изнесува околу 20 тони. Моторот овозможува брзина од околу 920 км/ч.
„Охотник“ има максимален долет од 3,5 илјади километри и може да се подигне на висина до 10,5 километри. Беспилотното летало може да подигне во воздух до осум тони полезен товар, вклучувајќи ракети. Леталото има елементи на вештачка интелигенција и е во состојба самостојна да извршува разни борбени задачи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче